Како далтонистите го гледаат светот?

158

Далтонизмот е наследен, а се манифестира со неможност за разликување бои. Најчесто не се разликуваат зелената и црвената боја и тоа се нарекува далтонизам, додека останатите облици на неразликување бои го нарекуваат слепило за бои.

На пример, некои луѓе не разликуваат нијанси на црвена, додека други не препознаваат нијанси на зелена или виолетова. Оваа појава се нарекува далтонизам според британскиот хемичар Џон Далтон, кој во својата 26-та година случајно открил дека неговото зелено палто е всушност црвено.

Најнеобичен облик на слепило за бои е монохроматизмот, а овие лица го гледаат светот во црно-бели бои. За да се дијагностицира слепилото за бои, офталмолозите користат тестови на кои се прикажани броеви од точкички во различни бои.