Не му давајте на детето пари кога ќе ја раскрене својата соба
Доколку го наградите детето со пари кога ќе го намести креветот, тоа ќе очекува пари секој пат кога ќе го замолите да стори нешто или да ви помогне во извршувањето на домашните работи. На детето може да му давате месечен џепарлак, за да го научите правилно да располага со парите, но и за целокупното однесување, но не го наградувајте на дневна база.
Учете го на храброст
Сакате самоуверено дете? Од вашиот пример нека учи за ситни, здрави ризици во животот. На пример отидете сами во кино и потоа објаснете му на детето, зошто тоа не е нешто поради кое треба да се чувствува непријатно (голем број возрасни не сакаат да одат сами во кино бидејќи не се чувствуваат пријатно) или нека ве види детето како се смеете кога ќе сфатите дека цело утро сте ја носеле блузата наопаку, наместо да се срамите од тоа.
Не гответе посебни оброци за детето
Детето мора да научи да го јаде, она што го јадат неговите родители. Не мора да изеде се што се подготвиле за ручек, но мора да ги избере оние намирници, кои ќе му пружат хранливи материи.
Бидете особено внимателни кога ќе наполни 14 години
Во тоа доба влијанието на врсниците почнува да слабее, а детето почнува да размислува со своја глава, наместо само да ги следи другите. Сакате вашето дете што е можно побрзо да почне да размислува со своја глава, поттикнувајте го да разговара за своите пријатели (прашајте го на пример, што има ново кај неговите пријатели), за да знаете со кого се дружи.
Победете ги стравовите со здрав разум
Доколку детето се плаши од куче не го водете детето на другата страна на улицата кога кон вас ќе се приближи куче. Демистифицирајте го стравот. Кажете: „Гледај куче! Ајде да го прашаме сопственикот дали може да го погалиме и допреме, да видиме колку му е меко крзното“.
Малото дете за да биде тивко, намелете го својот глас, наместо да го повишите
На овој начин детето ќе се фокусира на она што му го зборувате. Можете проблемот да го направите и забавен. „Сакаш ли да слушнеш што ќе правиме сега, скокај на една нога“. Најмалите ваквите



















