Емоционалната злоупотреба ги има истите, или дури и полоши, последици како и физичката злоупотреба.
Во повеќето случаи таа е скриена и насилникот подмолно ја контролира својата жртва.
1. Исмејување
Вашата “подобра половина” сака да раскажува смешни случки со вас во главна улога. Ирелевантно е колку вие лично сте засрамени или ви е непријатно кога слушате дека тој тоа го прави, вашиот партнер продолжува да објаснува колку тоа е смешно и симпатично.
Ако се осмелите да му се спротивставите, тој ќе се обиде да ве обвини дека немате смисла за хумор и дека сте пречувствителни. Со текот на времето, ќе почнете да се прашувате дали е во право и дали навистина сте пречувствителни на глупости.
Лесен начин да проверите дали сте пречувствителни или вашиот партнер намерно ве срами е според реакциите на луѓето кои ја слушаат неговата приказна. Погледнете им го изразот на лицето и сè ќе ви биде јасно.
2. Обвинување
Секогаш се чувствувате виновни за нешто, а не можете да одредите зошто. Со текот на времето, ќе почнете премногу да внимавате на своето однесување, облекување, гестите и начинот на говор, и ќе се обидете да го задоволите вашиот партнер колку само да не ве критикува.
Без оглед на вашите напори, вашиот партнер секогаш ќе најде нешто заради што ќе ве натера да се чувствувате лошо и виновно, бидејќи тоа е начинот на кој се однесува насилникот. Ќе ве држи во позиција на послаб партнер погодувајќи сè до што ви е.
Дури и неговото лошо однесување ќе биде ваша вина. Тоа што го прави е само последица на вашето лошо однесување, тој никогаш не е виновен.
Продолжува на страна 2



















