6. Студен туш
Дојдовте дома, полни со возбуда бидејќи ви е дадена одлична деловна можност или сте добиле понуда да се вклучите во проект на кој отсекогаш сте сакале да се приклучите.
Но, вашиот партнер вашата возбуда и среќа ја дочекува со студен туш и ви напоменува сè што може да тргне наопаку или дека тоа е навистина лоша идеја – или започнува целосно неповрзана дискусија само да ве онерасположи.
Со текот на времето ќе научите со нив да не ги споделувате вашите идеи, вашата возбуда или евентуалниот успех затоа што од искуство ќе знаете дека нема да добиете позитивна реакција.
7. Континуирана критика
На почетокот тој ви делел комплименти, но со текот на времето комплиментите се слушаат сè поретко. Всушност, комплиментите ги заменила постојаната критика за сè што сте и што правите.
Ако воопшто се осмелите да му противречите или да го прашате зошто го прави тоа, постои голема шанса дека повторно ќе бидете обвинети дека сте пречувствителни или дека се чувствува дека не може да биде искрен со вас.
8. Немаат емпатија
Ако зборувате за вашите проблеми на работното место, насилникот ќе се обиде да ве убеди дека преувеличувате и дека ги споредува своите “вистински” проблеми со вашите.
Тука и таму ќе ви овозможи кратко време да исфрлите сè што ви пречи и наскоро ќе очекува од вас да се приберете и да преминете преку сѐ што ве мачи.
Продолжува на страна 4


















