Психолошката возраст се разликува многу од хронолошката. Сакате да ја дознаете вистинската возраст? Возраста ни одредува во многу аспекти од животот. Но што значи хронолошка возраст?
Одговорот е дека сè што хронолошката возраст одредува е колку точно години човек постои на планетата Земја.
За хронолошката возраст нема значење во кое политичко време сме родени, каква ни е социјалната положба, какви ни се одговорностите или имаме ли воопшто такви. Наведените тука работи всушност се обликуваат како се чувствуваме внатрешно- односно нашата психолошка возраст. Таа има суштинско влијание врз целиот наш живот во општеството.
Некои научници сметаат дека нашата вистинска возраст не е бројот на годините кои ги имаме , туку комбинација од тоа каде се наоѓаме истовремено во три димензии. Овие три димензии се нашата биолошка, психолошка и социјална возраст.
Биолошка ВОЗРАСТ
Биолошката возраст е возраста на нашето тело. Изборот на начин на живот може да даде добра идеја за тоа колку добро функционира телото. Ако тренираме редовно, здраво се храниме, не пушиме, не пиеме алкохол, не конзумираме брза храна е поверојатно биолошката возраст на нашето тело ќе се доближува до онаа на млад човек.
Психолошка ВОЗРАСТ
Психолошката возраст на човек се одредува од тоа како се справува со нови знаења, како ги разбира и колку добро ќе ги запамети. Станува збор за тоа што мислиме и чувствуваме кон другите, но и како се справуваме со сопствените чувства и емоции. Затоа, двата најважни фактори за психолошката возраст се меморијата и емоциите.
Меморијата ни е во постојана употреба. Не само кога се сеќавање на минати настани, но и за сето она што сме го виделе, слушнале, помирисале, гледале, препознале, разбрале, прочитале итн… Меморијата ни е составена од градбени елементи кои ни дозволуваат да постоиме секој ден. Се смета дека емоциите зреат со возраста, бидејќи искуството ни дава примери од кои учиме.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2