Природни аналгетици | Победете ја болката без лекови

641

Постојат многу природни супстанции кои често можат да ги ублажат хроничните болки, без негативни последици и катастрофални ефекти врз органите за варење.

Неколку видови витамини, заедно со умерени физички вежби, често се ефикасни против болките. Вреди да се обидете пред да посегнете по лекови, советува д-р Роберт Епштајн, во списанието „Психологија денес“.

Треба да се нагласи дека болката служи за една многу важна цел, а тоа е да не предупреди дека нешто во нашиот организам не е во ред. Ако страдате од необјаснета болка, задолжително контактирајте го лекарот за да бидете сигурни дека тоа не е сериозна болест.

Витамин Б комплекс

Витамините од Б комплексот обезбедуваат “суровини” за производство на ендорфинот, кој е природен аналгетик. Исто така, тој му помага на организмот да се бори против стресот предизвикан од постојани болки. Ги содржат интегралните житарки, зеленчукот, гравот, оревите и пивскиот квасец. Па, водете сметка во менито да ви се најдат овие намирници. Покрај тоа, се препорачува да се земат таблети Б комплекс од 50 мг три пати на ден со оброците.

Минерали

Одредени минерали играат важна улога во потиснувањето или ублажувањето на болката. Покрај избалансираната исхрана, лекарите советуваат да се земе:

– калциум од 500 mg три пати на ден, половина час пред оброкот

– магнезиум од 250 mg три пати на ден после јадење; манган од 10 mg еднаш дневно

– бакар, 1-2 mg еднаш дневно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.