Лукот е едно од најмоќното растенија во светот, а поради неговите силни лековити својства се користи веќе илјадници години.
Лукот е редовен гостин во нашите менија, но и растение на кое со ќеиф му се вртиме кога сме прехладени или грипосани. Во народот е познат како природен антибиотик, а дека навистина е така, потврдуваат и експертите.
Во лукот се наоѓаат речиси сто активни хемиски соединенија, меѓу кои и неколку антиоксиданси – соединенија кои го намалуваат трошењето и оптоварувањето на клетките во организмот.
Се уште не е сосем јасно како сите тие компоненти на лукот делуваат во организмот, но тој навистина делува како антибиотик кој ги прочистува дишните патишта, кој е анти-канцероген и анти-воспалителен, а оневозможува размножување на габи и некои вируси.
Лукот своите лековити својства ги добива во моќната комбинација на алицин, со кој ова растение се брани од бактериски и габични напади. За да го искористите благотворното влијание на лукот, треба често да го консумирате, но и правилно.
1. Пред конзумирање, задолжително згмечете го за да предизвикате ензимска реакција во која се формира алицин.
2. Секој ден треба да јадеме најмалку три чешни лук.
3. Најдобро е да го консумирате во сурова состојба.
4. Ако го обработувате термички, нека биде кусо време – не повеќе од 10 минути
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.