Зошто поранешниот се враќа кај нас

242

Некои врски завршуваат без да остават горчливо чувство кај партнерите – тогаш и двајцата се согласуваат дека разделбата е најдобро решение.

Во други случаи сценариото е доста непријатно. Без разлика каков е случајот, секогаш има скршено срце, болка и многу спомени кои го прават тежок следниот чекор.

Што сепак, ако поранешниот партнер се појавува повторно и повторно во нашите животи? Причината може да е некоја од следните …

Зоната на удобност

Ако сме биле заедно долго време, сме се претвориле во навика еден за друг и кога сме заедно, сме во комфорната зона. Можно е дури поранешниот / поранешната да се обидел / а да биде со некој друг, но да сфатил / а дека тоа бара премногу напор. Тогаш се појавува желба да се врати во комфорна зона, каде што сè е познато и не бара напор.

Втора шанса

Понекогаш поранешната половина сака да се врати во нашите животи, бидејќи навистина сака да биде со нас – откако сфаќа каде била грешката и е подготвен / а да ја поправи. Сака да ни покаже дека сме се променил / е и сака да разбере дали тоа се случило и со нас. Ако и двајцата сме работеле на проблемите кои нè разделиле, има можност да дадеме втора шанса на својата љубов.

Секс

Иако сексот со непознати е вообичаена практика, некои луѓе се враќаат назад во нашите животи, само заради физичката интимност. Може заедно да сме имале најдобар секс во животот, а може и да се поминати неколку месеци, во кои поранешниот / поранешната едноставно немал/а секс.

Некои од нив може да нè измамат дека се враќаат за да останат до нас, додека единствено што сакаат е секс.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.