Поради вакви жени некогаш се војувало | 10 вистински квалитети на една дама

1693

Заборавете на цртите на лицето и фигурата, еве што навистина една жена ја прави убава. Ако мислите дека за убавина е доволно да се нашминкате со најскапата шминка и да облечете брендирана облека, силно се лажете!

Со причина се вели дека убавината доаѓа одвнатре, а тоа го докажуваат следните 10 карактеристики на жените!

Елеганција

Изгледот, движењата, стилот и однесувањето на убавата жена зрачат со елеганција на личност која е сигурна во себе и во она што е. Елеганцијата е, и кога жените со стил ги решаваат проблемите, почитувајќи го етичкиот кодекс, секогаш во согласност со благородни цели. Ставот на таквите жени е цврст, но ги обвиткува аурата на мистериозноста, а енергијата е истовремено силна и нежна. Таквите жени се сигурни во себе, но и ранливи. Елеганцијата е одраз на длабочината и на мудроста.

Љубезност

Начинот на кој постапувате со другите, како размислувате за нив, и начинот на кој им се обраќате, зависи од вашата чувствителност. Жените кои зрачат со убавина се љубезни кон сите, дури и кон оние за кои не им е грижа, бидејќи сфаќаат дека не е неопходно потребно некој да ви се допаѓа за да го сакате. Постои веројатност дека поединците таквата љубезност ќе ја толкуваат како слабост или ранливост, но бидете свесни дека таа е, всушност, одраз на силните. Ако не можат да направат нешто убаво, таквите личности нема да направат ништо. Љубезните луѓе стигнуваат до најдалечните точки во животот.

Сталоженост

Сталоженоста е форма на самоконтролата. Животот е полн со предизвици, а без сталоженост ризикуваме да запаѓаме во чести конфликти и да ги уништиме квалитетните односи со луѓето кои нѐ опкружуваат. Сталожените луѓе добро ја разбираат старата, но вистинската изрека: Помалку е повеќе. Колку помалку реагираме, колку помалку се браниме, и објаснуваме некому за нешто, толку повеќе ја контролираме ситуацијата. Сталоженоста ќе нѐ држи исправено, со подигната глава. Сталожени можеме да се соочиме со губитоците и смирено да ги дочекаме своите “пет минути”. Сталоженоста претставува мирно пристаниште во морето на животните промени.

Продолжува на страна 2