Храброст
Храброста е потребна за љубов, за промени, за чувствата, за одлагање, за враќање, за сонување и исполнување на целите, желбите и соништата. Храброста ја сочинуваат храбри дела. Исто така, храброста не е викање и фалење, храброста е цврстина на нашиот карактер.
Самодоверба
Кога ќе научиме да се сакаме себеси, тогаш ќе стекнеме и самодоверба. Самосвесност, посветеност на саморазвивање, нè тера да чувствуваме дека во сè што сакаме ќе успееме. Благодарение на самодовербата со сигурност знаеме кога да очекуваме позитивен тек на настаните, затоа што знаеме дека сме одговорни за својот живот.
Упорност
Кога сме си јасни самите на себеси, ние знаеме кои сме, што сакаме во животот, што сакаме во љубовта, само тогаш ќе бидеме целосно среќни. Ќе сторите сé во животот, бидејќи знаете што сакате. Од секој предизвик извлекуваме нешто позитивно за себе, а како што стануваме подобри, така сме сè повеќе и заштитени од негативни влијанија. Одлучноста нè држи на вистинскиот пат, нè поврзува за соништата и љубовта, и нѝ овозможува да се сакаме – а токму одлучноста нè спречува да се менуваме во зависност од околината или околностите и нѝ помага да останеме тоа што сме.
Продолжува на страна 3



















