Умот
Умот е поврзан со знаењето, но и со емоциите. Кога сме свесни за тоа зошто и кога го чувствуваме она што го чувствуваме, можеме да станеме флексибилни, полесно ги издржуваме предизвиците и промените и ги решаваме правилно. Интелигентните луѓе не се плашливи, тие знаат дека секогаш постои избор. Емоционалната интелигенција значи и способност секогаш да ја гледаме целината, а не само дел од неа.
Скромност
Вистински убава жена е само онаа која знае дека Земјината топка не се врти околу неа. Тоа е вид на скромност која нѝ овозможува да ги прославуваме достигнувањата на другите, како и своите сопствени. Кога сме целосно задоволни со самите себе, немаме потреба за глума и претварање. Најмногу сакаме да бидеме во позадина, да ја извршуваме својата работа и да оставиме успехот да зборува сам за себе. Таквата скромност е основа за длабоки чувства и искрени желби секој да се чувствува добро. Убавината е кога се ужива во животот, таков каков што е, без споредби со другите и без обид тие да се надминат во било што.
Чесност
Чесните луѓе стремат кон она што е реално. Едноставни се, отворени, обични, но и искрени во однос на она што се. Трпеливи се. Она што е специфично за нив, секогаш го слушаат своето срце. Луѓето секогаш можат да се потпрат на таквите луѓе, и тие нема да очекуваат или да бараат нешто за возврат. Веруваат во вистината како основа на сè. Не се менуваат себеси заради другите и она што се е нивниот приоритет и основа за среќен живот.
Љубов
Нема поубава жена од онаа која е покрај саканата личност, и која се сака себеси. Љубовта е квалитет кој се изразува преку духовно, емоционално и сензитивно дејствување. Ставот кој е исполнет со љубов нѝ овозможува да успееме на сите полиња – од кариерата до родителството. Сепак, и во љубовта има дисциплина и граници кои треба да се почитуваат. Некои луѓе секогаш можат да имаат место во своето срце, но тоа не им обезбедува и место во секојдневниот живот.



















