Осетливите луѓе – ангели со скршени крилја

203

Осетливите луѓе се најавтентичните и најчесните луѓе кои воопшто ќе ги сретнете. Не постои ништо што нема да ви кажат за себе, ако веруваат во вашата добрина.

Меѓутоа, во моментот кога ќе ги издадете, отфрлите или деградирате, тие ќе го прекинат пријателството со вас.

Тие живеат со чувство на вина и постојани болки околу нерешените состојби и незгоди. Тоа се измачени души кои не се во состојба да живеат ако некого мразат или ако некој ги мрази.

На овој тип на луѓе им треба најмногу љубов што можете да им ја дадете, бидејќи се души кои постојано се повредени од другите.

Сепак, и покрај трагедиите низ кои мора да поминат во живот, тие и понатаму се најмилостиви луѓе што е доблест да се познаваат и кои честопати стануваат активисти за оние скршени срца, заборавени и несфатени.

Тоа се ангели со скршени крилја кои летаат само кога се сакани.

– Shannon L. Alder