Високото образование се одразува на физичката форма

547

Учењето во високообразовна институција е поврзано со прекумерната тежина, сметаат американските научници, според кои секој студент на колеџ или универзитет се здебелува во просек 4,5 кг. за време на студиите.

“Нашето истражување покажува дека постои опасност од качување на вишокот килограми во текот на сите четири или пет години од учењето на факултет”, вели Лизи Поуп од Универзитетот во Вермонт.

Заклучоците на Поуп и нејзиниот тим се базираат на истражувањето на над сто од студентите од Универзитетот во Вермонт, од бруцоши до дипломци.

При пристигнувањето во кампусот 23% од учесниците во експериментот страдале од прекумерна тежина, а во просек се на тежина од 66 кг.