Слабо паметите? Престанете да брзате и движете се забавено

402

НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ

Експертите и кај младите откриле дека изложеноста на стрес влијае на меморијата и ја намалува мозочната маса.

Континуираното изложување на стрес, чумата на модерното време, може да резултира со проблеми со меморијата и со намалување на волуменот на мозокот, покажале резултатите на една студија објавена неодамна во стручното списание Neurology.

“Високото ниво на кортизол, хормонот на стрес, влијае врз функцијата на мозокот, на големината на мозокот и на резултатите постигнати на когнитивните тестови. Намалување на мозочната маса и губење на меморија, откривме и кај релативно млади личности”, вели лидерот на студијата, д-р Justin B. Echouffo-Tcheugui од Медицинскиот факултет на Харвард.

Кортизолот е еден од клучните хормони кои му помагаат на телото да реагира на стрес. Во стресна ситуација надбубрежната жлезда произведува повеќе кортизол и ги ограничува функциите на телото кои би можеле да пречат ако се најдеме во ситуација во која се бориме за живот. Штом опасноста ќе помине, нивото на кортизолот се намалува и целиот телесен систем се враќа во нормала.

Во спротивно, се случуваат главоболки, анксиозност, депресија, проблеми со срцето и проблеми со концентрацијата и меморијата.

Високото ниво на хормонот на стресот може да биде и рано предупредување дека лицето е склоно кон развој на деменција.

Како дел од истражувањето, научниците спровеле студија на повеќе од 2.000 луѓе без знаци на деменција на возраст од 49 години. Нивната задача беше да ги извршат различните психолошки тестови кои ги мерат нивните мемориски способности и способност за размислување или способност за поврзување. По осум години тестот бил повторен, и им е измерено нивото на кортизолот во крвниот серум. Една група научници го измериле обемот на мозокот.

Кај субјектите со повисоко ниво на кортизол во телото, забележан е намален волумен на мозокот во споредба со лицата со просечни нивоа, но и полоши резултати на тестовите за меморијата и размислувањето.

“Истражувањаето покажало дека кај луѓето на средна возраст, пред развојот на деменцијата, мозокот се намалува и “се собира”. За да се спречи тоа, важно е да се најде вистинскиот начин за намалување на стресот”, советува д-р Echouffo-Tcheugui.

“На намалување на стресот можеме да влијаеме со навремено одење на спиење и умерено вежбање. Може да побарате од семејниот лекар да го измери нивото на кортизолот во крвта, и ако е покачен, може да препише лекови со кои го намалуваат.

Научниците предупредија дека учесниците во истражувањето биле претежно европски државјани, што резултира со резултати кои можеби не ја одразуваат вистинската состојба на целата човечка популација.