Убива и лечи | Отровот на шкорпијата е најскапата течност во светот – Еден литар чини 10 милиони долари

1263

Отровот на опасниот жолт шкорпион (Deathstalker) е најскапата течност во светот, пишува Business Insider. Имено, галон (околу 3,8 литри) на таа смртоносна течност чини до 39 милиони долари или околу 10 милиони долари за литар.

Но, дури и ако некој има пари за литри од опасната течност, до неа многу тешко би можел да дојде. Имено, една шкорпија произведува максимум два милиграма отров, а во повеќето случаи се “одмолзува” рачно. Откако еднаш отровот ќе се земе мора да помине низ процесот на чистење и лиофилизација (сушење по пат на замрзнување) и се продава како прашок во милиграми, чија цена се движи помеѓу 8.000 и 12.000 долари.

А, според пресметките на Business Insider, за да се добие еден галон од скапоцената течност една шкорпија би требало да ја измолзите 2.64 милиони пати.
Неговата цена е толку висока поради неколку важни карактеристики. Освен што отровот на жолтата шкорпија е смртоносен, тој содржи стотици корисни состојки кои, сведени на молекуларно ниво, можат да се користат во медицински цели.

Продолжува на страна 2