Убива и лечи | Отровот на шкорпијата е најскапата течност во светот – Еден литар чини 10 милиони долари

1673

На пример, отровот на шкорпијата корисен е во борбата против болести што убиваат милиони луѓе годишно – ракот. Поточно, токсинот што се наоѓа во телото на шкорпијата се користи за идентификација на големината и локацијата на туморот во човечкото тело, а моментално научниците спроведуваат истражувања со кои бараат начин како со помош на отровот од шкорпијата, не само да ги пронајдат туку и да ги уништат канцерогените келии.

Покрај тоа, научниците ја отстрануваат маларијата од комарците со помош на шкорпијата, а исто така истражуваат дали може протеинот, кој се наоѓа во отровот на шкорпијата, да помогне во лекувањето на мултипна склероза, лупусот, инвазивните болести на цревата и реумата. Сем отровот на жолтиот шкорпион, и отровот добиен од синиот шкорпион се користи како составен дел во некои аналгетици и лекови против запаленија.

Како што се зголемува бројот на истражувањата, а со тоа и начинот на кој може отровот на шкорпијата да се користи, се зголемува и потребата за “чудотворната течност”до која тешко се доаѓа. Од таа причина научниците бараат и начин на кој би можел што повеќе да се добие од течноста. Така, некои од нив го измислиле уредот за молзење на шкорпиите, кој го забрзува макотрпниот процес, а воедно го прави посигурен.