Храна што ослободува од стрес

1730

Истражувањата покажале дека нивото на стрес во нашите животи се зголемило во однос на претходните години.

Нередовниот распоред на спиење, исхрана и сите други работи кои ќе ги направите во текот на неделата, доведува до зголемување на нивото на стрес. Од него можете да се ослободите и јадејќи ги следните намирници што ќе ви помогнат да се опуштите.

  1. Чоколадо

Не постои ништо толку вкусно, а смирувачко, како чоколадото. Самата помисла на чоколадо е доволна за да се намали нивото на стрес. Неодамнешно истражување покажало дека секојдневното конзумирање црно чоколадо во период од две недели ги намалува хормоните на стрес. Чоколадото поттикнува ослободување серотонин кој е природен антидепресив.

  1. Боровинки

Боровинките се совршена комбинација на витамин Ц и антиоксиданси кои помагаат во балансирање на стресот. Антиоксидансите во боровинките исто така ги штитат клетките од рак и срцеви заболувања.

  1. Бадеми

Бадемите се богати со витаминот Б2, витаминот Е, цинк и магнезиум. Тие содржат серотонин кој помага во балансирање на расположението и на стресот. Цинкот е добар и во борбата против негативните ефекти на стресот, а витаминот Е е антиоксиданс што го подобрува имунитетот. Бадемите го намалуваат крвниот притисок и на тој начин стресот го држат под контрола.

  1. Кашкавал

Кашкавалот е една од намирниците која може да се комбинира со кое било јадење. Иако е познат по тоа што содржи масти, исто така е добар и за ослободување од стресот.

  1. Риба

Омега-3 масните киселини во рибата помагаат адреналинот и нивото на стрес да се држат под контрола. Лососот и туната можат да го спречат порастот на хормоните на стрес, а исто така штитат и од срцеви болести, промена на расположението и депресија. Сушито е добро за ослободување од стресот.

Постојат уште многу намирници за намалување на стресот како што се бананите, спанаќот, портокалите, чајот, млекото… Меѓутоа, покрај конзумирањето на овие намирници важно е и да водите активен живот и редовно да вежбате. Медитацијата и јогата исто така се корисни во ослободување од стресот.