Со легализација на канабисот дојдени сме до опасна појава, особено кај децата

405

Канабисот е легализиран во 26 американски држави, Канада, а може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.

Зголемувањето на случаите на труење со канабис, дури и кај децата, може да се должи на неговата декриминализација, велат австралиските истражувачи.

Резултатите се 30 посебни студии за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутното труење, кои биле анализирани од истражувачи од University of Sydney, а нивните набљудувања се објавени во списанието Addiction.

Наодите укажуваат на општо зголемување на стапката на труење со канабис по неговата легализација или декриминализација.

Очигледно зголемено е труењето кај децата, со оглед на тоа што правилата се ублажени, па на пазарот има сѐ повеќе грицки со канабис.

Зголемената достапност и конзумирање на храна со внесен на канабис се чини дека има големо влијание врз порастот на случаите на труење, особено кај децата, рече Rose Cairns од Australian University, особено при тоа предупредувајќи на гумени бонбони и чоколади.

Генерално, конзумирањето канабис наместо пушењето носи поголем ризик од труење бидејќи некои луѓе имаат тенденција да консумираат поголеми количини на храна со оваа супстанца. Треба да се има на ум дека кога потрошувачката на канабис е умерена, потребно е повеќе време за да почнат да се манифестираат неговите ефекти.

Труењето со канабис може да предизвика летаргија, поспаност, вртоглавица, зголемен крвен притисок, палпитации, тахикардија, гадење, повраќање, раздразливост и немир. Тешките случаи може да резултираат со кома.

Со истражувањето и анализите опфатено е подрачјето на Северна Америка.

Таму, рекреативната употреба на дрогата е дозволена во 26 американски држави и административни региони. Така е и во Канада.

Канабисот за рекреативни цели може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.