По 20 години познавање на оваа апликација под името Twitter, Elon Musk најави промени и претстојното „ребрендирање“ на оваа популарна апликација.
Покрај новото име, Twitter наводно ќе го смени и еден од главните елементи на визуелниот идентитет на компанијата, логото на компанијата. Новото име и лого на оваа социјална мрежа веројатно нема да ги изненади фановите на овој богаташ, бидејќи „љубовта“ меѓу Musk и буквите кои ќе ја претставуваат платформата е добро познат факт.
Илон на својот Twitter профил потврди дека овие промени ќе се случат во блиска иднина и откри како ќе изгледа новиот Twitter.
Имено, познатата сина птица, која е икона на Twitter, наскоро ќе биде заменета со визуелната буква Х, која воедно ќе биде и новото име на компанијата. По Tesla X, проектот Space X и неговиот син, кој го нарече X Æ A-Xii, не е чудно што уште еден проект на Musk ќе ја содржи оваа буква.
„Не сум сигурен кои суптилни индиции ја издадоа тајната, но ми се допаѓа буквата Х“, напиша милијардерот.
Linda Yaccarino, извршниот директор на апликацијата, ова ребрендирање го нарече „исклучително ретка појава“ и одлична можност новиот визуелен идентитет да остави впечатлив впечаток.
Musk ја објави идејата дека новиот Twitter, односно X, ќе стане „апликација за секого“ кога го купи Twitter минатата година за 44 милијарди долари.
Web-страницата X.com сега се пренасочува на twitter.com, а објавено е и привременото лого, пренесува LADbible.com.


















