Типови на луѓе кои не се „материјал“ за брак

309

Лесно е да се занемарат некои работи кога имате впечаток дека сте ја нашле личноста на вашиот живот, која изгледа како да е совршено создадена за вас.

Меѓутоа, верувањето во сопствените инстинкти на почетокот на врската може да ве спаси од големи проблеми подоцна, наведува „Хафингтон Пост“ објавувајќи листа на девет видови на луѓе, кои, според експертите, едноставно „не се материјал за брак“.

Недоверливо лице

Имате многу заеднички нешта и никој не може да оспори дека постои хемија меѓу вас. Не можете да го дочекате следниот состанок, но речиси е невозможно тој или таа да одвои време за вас. Последна работа која ви треба е некој кој влегува и излегува од вашиот живот, но не сака обврски, смета Бренда Дела Каса, авторка на книгата „Пепелашка била лажга: Вистинските причини зошто не можете да го најдете (или задржите) принцот“.

Тип кој пребрзо сака се

Вие сте на третиот состанок и веќе ви ги дал/а клучевите од станот. Следете го чувството кое ви зборува полека да се оддалечите од такво лице, советува Ејми Ван Доран, професионална стројничка.

Себични луѓе

Добриот партнер или партнерка е великодушен/а и е подговен/а да го слуша вашето жалење од работата. Ако забележите дека лицето со кое се гледате не ве поддржува во целост, добра идеја е да го „паузирате“ односот, смета инструкторот за љубовни состаноци Џефри Плетс.

Критичар или критичарка

Се чини дека со вакво лице никогаш не можете да кажете ништо точно. Стројничката Џули Гајен вели дека во вистинските врски се преговара со компромис, емпатија и способност за разбирање на другото лице.

Продолжува на страна 2