Нерамнотежа во двата дела на мозокот доведува до сексуална зависност

1091

Дебалансот во активностите на двата дела на мозокот доведува до зависност кон алкохол, сексуална зависност и склоност кон случаен секс, покажува новото истражување на американските научници од Универзитетот Дјук.

Со помош на магнетна резонанца научниците успеале да ги објаснат зависностите од алкохол и секс. Експертите ги истражувале областите на дејствување на човечкиот мозок при стресна ситуација и заклучиле дека дебалансите во активностите на двата дела на мозокот доведуваат до зависност кон алкохол и секс. Едниот дел на мозокот е наречен вентрален стриатум, а другата амигдалата.

Во првата студија учествувале 759 студенти на просечна возраст од 19 години. Утврдено е дека оние студенти кои имаат нерамнотежа во активноста на вентралниот стриатум и амигдалата може да се очекува да развијат алкохолна зависност. Ако активноста на двата региона е иста, ризикот од алкохолизам е минимален.

Втора студија ја анализираше сексуалната активност под стрес. Истражувачите интервјуирале 70 мажи и жени кои имале слободен секс во последните 11 месеци. Кај мажите бил откриен истиот модел како при првото испитување со алкохолот. Кај жените сексуалната активност се појавува како резултат на зголемена активност на двата дела на мозокот.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.