Астероид три пати поголем од оној што падна во Челјабинск се приближува кон Земјата со брзина од 28.000 километри на час, а во сабота ќе ни биде поблиску од Месечината кога ќе помине покрај нашата планета.
Во сабота, астероидот ќе прелета покрај Земјата на половина оддалеченост од Месечината, околу 173.000 километри.
Моменталните проценки се дека големината на астероидот е околу 93 метри, а најблиску до нас ќе биде во 20:51 часот. Од северната хемисфера ќе биде видлив само една минута подоцна, додека најсветлиот според пресметките на NASA би требало да биде за набљудувачите од Југоисточна Азија.
За среќа, астероид познат како 2023 DZ2 ќе помине покрај нашата планета со брзина од 28.044 km/h. Набљудувачите на небото со телескопи од 6 инчи или поголеми имаат шанса да ја видат вселенската карпа.
Проектот за виртуелен телескоп, исто така, ќе го емитува во живо прелетувањето на астероидот во 19:30 часот. Гледано преку телескоп од северната хемисфера, астероидот ќе се појави како ѕвезда која бавно се движи над југоисточниот хоризонт, источно од соѕвездијата Орион, Големото и Мало Куче.
Според NASA, астероид со оваа големина се појавува на толку блиско растојание од Земјата еднаш на секои десет години, но нема никаква опасност за планетата. Иако не се знае точно од каде потекнува, повеќето од астероидите кои минуваат во близина на Земјата се наоѓаат во главниот астероиден појас помеѓу Јупитер и Марс.
2023 DZ2 е забележан од научниците на 27 февруари во Шпанија од опсерваторија на Канарските острови како дел од европскиот проект за проучување на астероиди блиски на Земјата.