Две киви еден час пред спиење дејствуваат како средство за спиење, пишува “Дејли мејл”.
Егзотичниот плод го забрзува заспивањето и научниците се уште не утврдиле каква е причината за ова негово дејство.
Тие претпоставуваат дека киви влијае на нивото на антиоксидансите и на серотонинот во човечкиот организам.
Експерти од Медицинскиот универзитет во Тајпеј спроведоа експерименти со 24 волонтери кои консумирале киви пред спиење.
Сонот им се покажал повеќе здрав и се продолжил.
Во текот на тестовите било утврдено дека волонтерите на киви режимот заспиваат за кратко време во споредба со останатите.



















