Веганството може да наштети на здравјето на малите деца

1158

Веганскиот режим на исхрана може да покаже погубно влијание врз здравствената состојба на малите деца, предупредуваат британски експерти.

Според нив лишувањето од месо, риба и млечни производи од најрана детска возраст може да го оштети не само развојот на физикусот кај децата, но во најлош случај и да доведе до смрт.

Предупредувањето беше искажано од професор Мери Фјотрел од “Универзитетскиот колеџ Лондон” за време на средбата на Европското друштво за детска гастроентерологија, хепатологија и исхрана (ESPGHAN) во Прага.

Таа го аргументираше своето тврдење со фактот дека без млечни и животински производи организмот останува без клучни нутриенти како витамин Б комплекс, калциум, цинк и висококвалитетен протеин.

А, нивниот недостаток може да предизвика “неповратно оштетување” на нервниот систем на децата или неухранетост, предупреди таа.