Се шири небулозно и опасно соопштение за вакцините против Ковид | Што е “Luciferase”?

1260

Се шират лажни гласини дека вакцините против Ковид всушност се нарекуваат Луцифераза, дека се поднесени под патент “060606″ и тоа е доказ дека се поврзани со Сатаната.

Emerald Robinson, дописник од Белата куќа за конзервативната информативна мрежа Newsmax, објави твит во кој погрешно тврди дека вакцините против Ковид „содржат биолуминисцентен маркер наречен луцифераза, како би можеле да ве следат“, пишува Snopes.

Elliot Jacobson, извршен потпретседател и главен директор за содржина во Newsmax, рече во изјавата дека мрежата е „силен поборник дека вакцините против Ковид-19 се генерално безбедни и ефективни“.

Ова не е првпат “luciferaza” да се користи за ширење страв од вакцини. Уште во април 2021. година, кружеа гласини дека вакцините против Ковид се наречени Луцифераза, дека се поднесени под патент „060606“ и дека тоа е доказ дека вакцините се поврзани со Сатаната (или Луцифер).

Лажни информации

Луциферазата е ензим кој свети кога оксидира и природно се наоѓа во инсектите познати како светилки и во светлечките морски и копнени микроорганизми.

„Новата вакцина против коронавирусот произведена од Модерна не содржи луциферин, органско соединение вклучено во биолуминисценцијата ниту ензимот луцифераза, спротивно на тврдењата на социјалните мрежи. Додека луциферазата била вклучена во некои истражувања за ковид-19 во летото 2020. година, ниту една од достапните вакцини не содржи никакви состојки“, пишува Reuters.