Без рани и исеченици
Ако исеченици, рани и поткожни влакна се редовна појава на вашето лице, сосема е јасно дека нешто правите погрешно при бричењето.
Измијте го лицето
Пред воопшто да помислите на бричење, лицето измијте го со нежен гел за да ги отстраните нечистотијата и мртвите клетки од кожата и да ја вратите изгубената влажност на лицето. Користете топла вода која ги омекнува фацијалните влакненца и ги отвора порите, за полесно бричење
Нанесете гел за бричење
Мажите често го прескокнуваат овој препарат, кој е многу корисен, бидејќи така кожата се подготвува за бричење и овозможува бричот полесно да лизга низ влакненцатa.
Помалку жилети – подобро бричење
Наспроти моменталниот тренд од четири, пет или шест жилети во еден брич, настојувајте да ги користите оние кои имаат помалку жилети. Бричови со три жилети се сосема доволни за квалитетно бричење, додека оние со два жилети се идеални за момци со чувствителна кожа склона кон поткожни влакна.
Загрејте го гелот за бричење
Понекогаш е препорачливо гелот или кремата за бричење да ги затоплите потопувајќи ги во топла вода. Кога на брадата ќе ставите топол гел, оставете го две минути на кожата пред да почнете со бричењето. Гелот нанесувајте го со кружни движења за да ги подигнете фацијалните влакна. Најдобра опција е да користие четка за бричење, за да се подигнат влакненцата и да се направи густа пена за попријатно и темелно бричење.
Бричете се под туш
Така ќе заштедите време и ќе имате помалку за чистење. Брадата ќе биде мека од топлата пареа. Но, ова направете го пред крај на туширањето, кога вашата брада ќе омекне.
Бричење и измивање
Бричете се со еден потег, а меѓу секој потег измијте го бричот. Редовно менувајте го бричот за да избегнете иритација поради тапиот брич. Исто така, секогаш бричете се во смер на растот на влакненцата, а не спротивно, за да избегнете појава на поткожни влакна и иритации
Заборавете на агресивноста
Многу мажи се бричат премногу близу до кожата и премногу агресивно. Така настануваат исеченици и ранички на кожата.
По бричењето нанесет балсам или хидратантна крема
Важно е редовно да се одржува влажноста по бричењето, па затоа користете производи кои не содржат алкохол, за да не ви го исушат лицето.