Дали ни доаѓа иднината на сексот без допир ? Се развиваат сексуални играчки контролирани од умот

1112

Вештачката интелигенција или AI е нешто за што сѐ почесто се зборува, а мислењата на луѓето се поделени.

Вештачката интелигенција создава проблеми ширум светот и луѓето бараат законско регулирање на употребата на алатките за вештачка интелигенција. Овој пат AI се користи за задоволување на човечките потреби, особено сексуалните.

Малку чудно, но компанијата Autoblow, брендот кој стои зад истоимениот производ, е креаторот на првата секс играчка која користи вештачка интелигенција за да ги реплицира човечките постапки и првата секс играчка контролирана со глас.

Тие објавија краток филм кој ја прикажува изненадувачката иднина на човечките сексуални интеракции, каде задоволството не се пренесува со допир, туку со мисли.

Пронаоѓачот на Autoblow, Brian Sloan, го започна проектот со користење на мозочен компјутерски интерфејс (BCI) за да го контролира уредот Autoblow AI+ користејќи мозочни бранови, или со други зборови, мисли.

Студијата, која ја спровел со помош на невротехнолошки научници, кои избрале да останат анонимни, покажала контрола на мозочните бранови врз дејствата на сексуалните играчки.

Контролирањето на сексуалните играчки користејќи еротски мисли е целта на идното истражување, но во оваа студија субјектите ги манифестирале мислите со поместување на раката или ногата на секоја од 4-те функции на Autoblow.

Пронаоѓачот на Autoblow, Brian Sloan, во видеото изјавил:

„До сега ги контролиравме секс играчките користејќи копчиња и тркала, што е технологија стара 100 години. Бидејќи Autoblow и другите уреди за секс можат да се поврзат на Wi-Fi, оваа технологија може да работи подеднакво добро на поединец или група луѓе поврзани на Интернет, било каде во светот. Повозбудлива можност е на луѓето кои не можат да придвижат делови од своето тело да им се даде еднаква можност за сексуална автономија“.

Иднината е тука, и очигледно е дека AI, е лесно достапен и корисен во секое поле, но сепак луѓето ја одредуваат интеграцијата на AI во секојдневниот живот.

Ова е само еден пример за креативна употреба на AI за подобрување на постоечки производ, без разлика колку е лош.