Со доаѓањето на пролетта доаѓа и моментот во кој е добро да се направи пролетно чистење. Немаме предвид чистење на домаќинството (иако и тоа се бара). Станува збор за пролетно чистење на организмот и ослободување од токсините акумулирани во текот на зимата.
Ќе ви понудиме тридневен детоксикациски план кој ќе ви помогне да се ослободите од непотребните материи во организмот и ќе даде нов свеж поттик на метаболизмот.
Овој диетален план се состои од здрави шејкови, кои ќе ви ги дадат потребните хранливи материи без да го измачувате непотребно организмот и ќе помогнат за ослободување на телото од големо количество диететски супстанции.
Појадок
Во блендер измешајте: 1 чаша кокосово млеко, 2 чаши спанаќ, ½ чаша замрзнати боровинки (или свежи), 2 лажици незасладено какао, 1 лажица грашок, 1 лажица јаворов сируп и 2-3 коцки мраз
Мешајте додека смесата стане целосно хомогена.
Ручек
Во блендер измешајте: 2 чаши кокосова вода, 2 лажици спирулина, ½ банана, 2 чаши спанаќ, 2 чаши боровинки и 2-3 коцки мраз. Повторно мешајте до добивање на рамномерна смеса.
Вечера
Во мал сад измешајте 2 лажици јаболков оцет, 1/8 лажичка црвен чили пипер, 1/3 чаша јогурт, 2 лажици нектар од Агаве, 1 лажичка семки од копар и ½ лажичка морска сол (сомелена).
Исечете на многу тенки лентички една марула. Изрендајте едно јаболко. Полејте ги со подготвениот прелив. Добро измешајте и додадете 1 лажица ореви и суво грозје.
Повторете го овој режим 3 дена и ќе ја почувствувате леснотијата во стомакот, а и во целото тело
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.