Емоционална злоупотреба | Ова се 14 знаци кои укажуваат на тоа дека треба да избегате

1757

9. Вие секогаш сте во грешка

Партнерот насилник секогаш ќе има нешто со што емоционално ќе ве уценува. Без оглед на тоа што и да е во прашање, дека нешто не сте му кажале што тој мисли дека би требало да го знае, или дека сте направиле нешто, а не сте го информирале однапред, тој секогаш кога нешто ќе му запречи ќе се враќа на тоа и ќе ве уценува со тоа.

Во екстремни ситуации ќе зборува за работи кои се случиле и пред да ве сретне и на тој начин ќе се обиде да дознае сè за вашите минати врски, однесувањето или нешто што сметаат дека можат да го искористат против вас за да ве контролира.

10. Сè повеќе ве контролира

Секој насилник најпрво ќе врши финансиска контрола над својот партнер. Меѓутоа, ако не може да заработите пари, тешко дека некој ќе одлучи да го напушти својот партнер. Или тоа е барем теорија.

Првично, тоа ќе бидат “добронамерни” совети како попаметно да се управува со пари, решавање на долгови, и сл. Тогаш ќе почне да ја проверува вашата потрошувачка за да на крајот ја постигне својата крајна цел: да ве контролира со пари барајќи да заработувате повеќе, но, исто така, да бидете “повнимателни” со трошењето.

11. Ве уверува дека другите се против него

Кога сте го запознале вашиот партнер секогаш има убедливо објаснување зошто се скарал или се оддалечил од пријателите и од семејството. Со текот на времето, тие луѓе се оддалечиле или целосно исчезнале од вашите животи.

Следниот чекор во контролирањето е да се ослободи од вашите социјални и семејни врски, поточно секој кој би можел да влијае на вас и кој би ве распрашувал за него и неговото однесување. Таквите луѓе му ја одземаат контролата над вас, изолацијата што ја постигнува со решавање на една по една личност од вашиот живот е идеална состојба за создавање на целосно зависна личност од него која ќе го слуша.

Продолжува на страна 5