Мрзеливото око се лекува на темно

2336

Децата со мрзливo око треба да останат во темнина за да го подобрат видот.

„Мрзливо око“ е честа состојба на нарушен вид, кое брзо маоже да се врати во нормала, ако останете во мрачна просторија десет дена.

Канадските научници коишто го извршиле испитувањето го опишаа подобрувањето како неверојатно. Според нив, откритието го отвора патот кон подобро лекување на деца со нарушен вид.

„Мрзливо око“ има еден на секои 25 луѓе. Мрзеливото око анатомски е здраво, но има намалено вид, кое се манифестира во детството, но може да остане засекогаш, ако не се лекува навреме.