Создаваат апчиња што ќе ни помогнат да живееме до 150 години

52

Научниците создаваат апчиња кои можат да им помогнат на луѓето да живеат до 150 години, односно го забавуваат процесот на стареење, соопштува британскиот весник „Дејли телеграф”.

Лековите се синтетичка верзија на органски хемикалии ресвератрол, што го има во црвеното вино, за кое се верува дека го успорува стареењето, а ја засилува активноста на протеинот SIRT1. Фармацевтската компанија Глаксо Смит Клаин (GSK) ги тестира лековите врз луѓе, болни од дијабетес од втор тип и псоријаза, сериозни кожни болести.

Професорот по генетика на Универзитетот Харвард Дејвид Синклер вели дека стареењето може да не е „неповратна катастрофа”. „Сега испитуваме дали има корист за луѓето кои веќе се здрави. Резултатите се ветувачки. Заклучокот дека стареењето не е неповратно катастрофа, како што досега сметавме. Некои луѓе можат да живеат и до 150 години, но нема да се стигне до таму без дополнителни истражувања”, посочи тој.

Професор Синклер објасни дека јакнењето на активноста на протеинот SIRT1, ја подобрува активноста на клетките, а ја намалува нивната мрзливост. Претходните експерименти врз глувци, пчели и муви кои добиле супстанции за да ги зајакнат активностите на протеинот, покажале дека тие живеат подолго.

Професор Синклер, чие истражување е објавено во научното списание „Сајанс”, тврди дека извршил експерименти кои покажале дека материите, базирани на ресвератрола, имаат директно влијание врз здравјето. Некои научници тврдат дека влијанието не е вистинско, а експериментот е трик.

Иако има противречности, некои обиди дали ветувачки резултати за болести како рак, кардиоваскуларни болести и срцева слабост, дијабетис од втор тип, Алцхајмерова болест, Паркинсонова, масна хепатална болест, катаракта, остеопороза, мускулна атрофија, нарушен сон и воспалителни болести како псоријаза, артритис и колитис.

Во моментов истражувањата имаат за цел да утврдат како тие супстанци можат да помогнат за исцелувањето на болести поврзани со стареењето. Но, професорот Синклер смета дека по извесно време ќе се испитува, исто така, превентивниот ефект. Тој наведува дека како што денес се користат статините за спречување на срцеви заболувања и мозочен удар, овие супстанци може да се користат за одложување на голем број болести.