Луѓето не ја убиваат љубовта со срцето, туку со главата!

196
Најлошо е кога двајца се сакаат, а не се разбираат.
Кога се посакуваат, а не се осмелуваат.
Кога се бараат и се губат во таа потрага.
Знаете, има некои вистински љубови кои се толку исти во срцето, а толку различни во главата.
Таквите љубови не ги убива љубомората.
Не, не.
Љубомората ги убива оние површните, а недоразбирањата ги убиваат вистинските љубови.
Со срцето е лесно.
Тоа има само две функции.
Срцето пумпа крв и срцето сака.
Тоа се единствените две работи кои срцето треба да ги прави.
Првата функција нѐ одржува во живот, а другата го одржува животот во нас.
Проблемот е со главата.
Таа има толку многу функции, толку многу работа и назгора мора да се справува и со чувствата.
Сте слушнале веќе дека се доаѓа од главата, е па така и убивањето на љубовта доаѓа од главата.
Не и дозволувајте на главата да ги толкува чувствата во моменти кога погрешно ги толкува мислите.
Луѓето ја убиваат љубовта со главата, а не со срцето.