Овошна торта од малини и јагоди

3375

Потребно

  • 500гр бисквити (најдобро вики)
  • 2 пудинга од ванила
  • овошје: јагоди, малини, капини
  • 2 ванилин шеќер
  • 550гр шеќер
  • 750мл вода

Подготовка

  • Водата и шеќерот се ставаат да вријат како шербет
    настрана
  • овошјето ако е свежо се пасира малку ако е смрзнато не мора
  • пудинзите се разредуваат со водата и шеќерот (како што се прави пудинг)
  • бисквитите се кршат на поголеми парчиња во тава што ќе стои тортата ( најдобро е правоаголна
  • Кога ќе зоврие шербетот се додаваат овошјата и се остава пак да зоврие малку околу 10 мин па потоа се додава пудингот и се меша убаво ,добиениот фил се истура врз бесквитите и се меша добро за да има насекаде околу бисквитите се израмнува одозгора и се остава да се олади ,за поубав изглед одозгора се става шлаг или хопла а летен период и сладолед