Поврзаноста помеѓу стареењето и сексуалната активност

1858

Во бразилскиот универзитет во Рио Гранде до Сул открија директна зависност на должината на животот од сексуалната активност, пренесува РИА Новости.

Според една теорија, стареењето е еден вид компромис меѓу репродукцијата и долговечноста. Телото е принудено да троши енергија за метаболички процеси. И колку повеќе ресурси се користат за репродукција, толку помалку енергија останува за обновување на ткивата и органите.

Во рамките на научната работа, 80 стаорци биле тестирани на два месеца. Животните се поделени во четири групи во кои живееле до 3, 6, 12 и 24 месеци. Глодарите потоа биле убиени.

Во секоја од групите имало две подгрупи: во првата животните се здружиле со женките, а во втората останале осамени. Органите и ткивата на животните по нивното убивање биле подложени на внимателна анализа.

Научниците се интересирале за нивото на антиоксидансите и показателите на оксидативниот стрес (концентрација на реактивни кислородни видови) и предизвиканата од нив попреченост на ДНК.

Се покажало дека кај мешаните со женските животни имало повеќе оптоварување на клетките, отколку кај животните кои немале односи со женските. И најголема штета на клетките е предизвикана од сексуална активност во рана возраст.