Овие хороскопски знаци се претерано самокритични

868

Проценката и доброто разгледување на ситуациите се дел од животот.

Потребни ни се во секојдневниот живот и тоа е она што ни помага да разликуваме добро од лошо.

Кога ќе се погледнеме во огледало, проценката ни зборува дали добро изгледаме или не.

Но, од друга страна секојдневно се споредуваме со другите, па така често си задаваме нереални стандарди кои треба да ги постигнеме. Во астрологијата постојат знаци кои кон себе се многу строги, а овие шест се најмногу самокритични.

Рак

Луѓето родени во знакот рак доста време поминуваат препуштајки се на мислите и за тоа што е, а што не е во ред со нив. Пореметувањата во исхраната редовно се појавуваат кај овој знак. Никој не троши повеќе време од ракот прашувајќи се дали храната е доволно здрава и дали неговата килажа е прифатлива.

Не верува во диети, но целиот живот се обидува да пронајде начин да изгуби килограми. Ракот не слуша критики, не верува во туѓите мислења, само во сопствените. Многу брзо се осудува самиот себе.

Риби

Рибите сакаат секогаш се да е совршено, а кога не е претпоставуваат дека се е нивна грешка. Самосожалувањето не им е непознато, а сето тоа произлегува од длабоката желба и потреба да ги судат другите и себе си.

Можеби негде сте погрешиле, но тоа не е и наполу страшно од она што рибите го направиле. Рибите пронаоѓаат необично ладна утеха во самосожалувањето и чувството на безнадежност.

Девица

Девицата поминува низ животот како да влече тони вина, без оглед на тоа што направила. Не се осудува бидејќи е лоша личност или затоа што нешто направила премногу. Девиците претерано се осудуваат кога разочарале некого.

Кога девицата ќе почувствува дека нешто погрешила, можете да се простите од неа бидејќи ќе се препушти на самосожалувањето и лижењето на сопствените рани.

Вага

Вагата најмногу се фокусира на изгледот, а кога е незадоволна од она што го гледа во огледалото, обично тоа го кажува на целиот свет. Вагите никогаш не се чувствуваат самоуверено кога е нивниот изглед во прашање, па таа несигурност ја надополнуваат така што им ласкаат на сите околу себе.

Мислат дека доколку им ласкаат на другите, тие ќе им простат или ќе ги занемарат нивните физички недостатоци. Жестоки самокритичари се и го користат говорот на омраза за да поминат низ животот.

Бик

Родените во овој знак претставуваат најсамоуверените луѓе на планетата. Иронијата е во тоа што тие се најневротичните луѓе. Бикот никогаш не е задоволен со својот изглед, дури и кога изгледа совршено.

Овој недостаток е поврзан само со физичкиот изглед бидејќи се поприлично самоуверени на другите подрачја.

Јарец

Бидејќи јарецот знае што е добро, а што не, проценката и осудувањето доаѓаат брзо и бесно и секогаш прво се осудуваат себе. Не сакаат да грешат и не сакаат да признаат дека згрешиле. Јарците не сакаат да се извинат, но тоа не значи дека не се чувствуваат лошо. Тешко им е, но такви им се принципите и не можат да ви дозволат да ја видите таа страна.

Имаат високо мислење за севе па кога ќе згрешат полудуваат и своите аргументи ги користат за да се повредат.