Колку често треба да си земате одмор во канцеларија?

840

Во канцеларија секогаш има по еден колега, кој цело време се врткаат низ ходникот, зборува по телефон, пие кафе во “кујната” и секој се прашува како и дали воопшто врши некоја работа.

Конечно се покажува дека сепак тој си ја врши работата и тоа одлично. А сепак останатите се концентрираат на неговото така наречено “немарно” однесување.

Дали навистина има потреба од толку одмор? И зошто пак и вие да не почнете да правите повеќе паузи? Колку често треба да се одмора човек во канцеларија?

Универзален одговор нема. Вистината е дека работниот ритам на секој е различен, заморот и неговите потреби. Според некои “канцеларија правила” и “професионални прирачници” за конкретни професии одмор треба да се зема на одреден период – 120, 180, 240 минути.

“Навистина е тешко да се даде универзален одговор на ова прашање, но сметам дека човек треба да се одмара барем 30 минути на секои 4-5 часа”, основачот на Live Health.

Индискиот колега Киран Иер пак е приврзаник на почестите и пократки одмори – 15-20 минути на секои 2-3 часа. Ако вработените од еден тим имаат различен ритам на работа и одмараат во различно време, тоа може да биде проблем, бидејќи не следат едно темпо.

Заклучокот е дека секој човек сам треба да процени кога има потреба од одмор. Тоа не зависи само од неговата состојба, неговата работоспособност и продуктивност, но и од видот и количината на работа што треба да ја заврши во текот на денот. Не заборавајте сепак, дека ако работите зад биро, убаво е да се раздвижите барем за 10 минути на секои 2 часа.