Анализата на черепот на една жена откриена во Чешка открива дека таа била меѓу првите Хомо сапиенси кои живееле во Евроазија откако нашиот вид мигрирал од Африка.
Најстарата човечка ДНК досега пронајдена и припаѓа на жена која живеела во денешна Чешка Република пред повеќе од 45.000 години, откри истражувањето објавено во списанието Nature Ecology & Evolution.
Античкиот човечки геном, како и оној на неандерталците, покажал дека првиот и вториот веројатно се вкрстиле на Блискиот Исток, откако раниот Хомо сапиенс го напуштил африканскиот континент пред околу 50.000 години.
Затоа, сите луѓе што живеат надвор од Африка обично носат околу 2% до 3% од геномот на неандерталците. Со времетот станал сѐ пократок, така што нивната должина сега се користи за да се утврди точно кога живеел носителот на геномот.
На пример, ДНК на жена позната на истражувачите како Zlatý kůň (Златен коњ на чешки) се чини дека покажува подолги парчиња ДНК на неандерталецот од 45.000-годишна Ust’-Ishima индивидуа од Сибир, далеку најстариот модерен човечки геном.
Анализата сугерира дека таа била дел од популацијата што се формирала пред да се поделат групите кои ги создале денешните Европејци и Азијци.

„Резултатите од нашата ДНК анализа покажуваат дека Zlatý kůň живеел поблиску до времето на мешање со неандерталците“, вели Kay Prufer, главен автор на студијата, базирана на модерна технологија со датирање на радиокарбон и определување на геном.
Поточно, тимот проценува дека жената живеела само 2.000 години по првите меѓувидови кои се „измешале“ меѓу неандерталците и луѓето, а ДНК на таа личност не била забележана ниту кај Азијците, ниту кај Европејците, откриле истражувачите.
„Интригантно е што најраните модерни луѓе во Европа на крајот не преживеале! Исто како Ust’-Ishima и досега најстариот европски череп од Оаза 1, Zlatý kůň не покажува генетски континуитет со модерните луѓе кои живееле во Европа пред 40.000 години“, вели Johannes Krause, виш автор на студијата и главен истражувач на Институтот Max Planck за еволутивната антропологија во Лајпциг.
Една можна причина за дисконтинуитетот е ерупцијата на вулканот Campanian Ignimbrite пред околу 39.000 години, што во голема мера влијаела на климата во северната хемисфера и веројатно ги намалила шансите неандерталците и раните модерни луѓе да преживеат во големи делови на Европа од леденото доба.



















