“Ме заклуча и ми нареди да се соблечам” | Застрашувачка исповед на една мајка од соседството

436

“Тој ја заклучи вратата, тргна према мене и ми рече: Соблекувај се. Почна да ме удира со шлаканици, со клоци … Плачев и го молев: Сине, Јас сум твојата мајка, што правиш?!”

“Кога една мајка ќе доживее такво нешто од својот син, нема ништо полошо”, вели Аница, мајката на С.Г. (37), кој беше уапсен за силување во Нови Сад.

“Се откажав од својот роден син, кој го носев девет месеци, на кој животот му го подарив, кого сум го хранела … Синот ме силуваше. Утре ако умрам, не смее да ми дојде на погреб, но и да умре, за мене тој не постои.”

Со овие зборови почнува со исповед Аница, мајката на С.Г. (37), кој неодамна беше уапсен за силување на В.Ј. (20) од Нови Сад, пишува Телеграф.

Аница вели дека нејзиниот син во 2005 година сексуално ја злоупотребил во нивната семејна куќа.

Велики Петок кој никогаш нема да го заборави

“Многу ми е тешко и срам да зборувам за тоа. Кога мајка ќе доживее такво нешто од своето дете, нема ништо полошо”, вели со солзи во очите Аница.

Велики Петок, мај 2005, таа никогаш нема да го заборави. Додека ги бојадисувала јајцата за Велигден, доживеала од својот син нешто најлошо што воопшто можело да ѝ се случи.

“Бев дома, мојот сопруг беше во село, а помладиот син се играше надвор. Влезе во куќата, видов дека е пијан. Му реков да оди на спиење. Тој ја заклучи вратата, тргна кон мене и рече: “Соблекувај се”. Почна да ме удира, со шлаканици, со клоци … Плачев и молев пред него: “Сине, јас сум твојата мајка, што правиш?!”, открива несреќната жена.

Петто силување

Како што вели Аница, кога го направил она што го замислил, тој излегол од куќата и заминал. Плачела кога во тој момент дошол нејзиниот сопруг.

“Ме виде со модрици и праша што ми се случило. Веднаш го пријавивме во полиција и за тоа е осуден на осум години затвор”, вели Аница.

С.Г. неодамна во Нови Сад ја силувал девојката В.Ј., а неговата мајка тврди дека тоа е негово петто силување. Прв пат во Бегеч ја силувал келнерката, која била бремена, втор пат една работничка во фурна, а трет пат мајката на невенчаната сопруга ја натерал на орален секс. Четвртата жртва е неговата мајка, додека петтата веќе спомната девојка од Нови Сад.