ДАЛИ НЕ ЧЕКА ИСТО СЦЕНАРИО ? Научник на НАСА открива: “Да, Марс одамна бил како Земјата, па се претворил во пеколна планета”

707

„Како што Земјата напредувала со тектониката на плочите и со развој на животот, геолошката активност на Марс опаднала, ја загубил водата и станал многу посува планета“, тврди научникот.

Американската вселенска агенција пред неколку дена објави видео во кое научникот објаснува зошто верува дека античкиот Марс некогаш бил сличен на Земјата.

Д-р Becky McCauley Rench од NASA објасни во видеото зошто мисли дека Марс порано бил „влажен и потопол“. „Кога Сончевиот систем за првпат се формирал пред повеќе од четири милијарди години, Марс и Земјата настанале од истите материјали, така што тие изгледале многу слично“, го започна видеото научникот.

“Додека денес, секогаш кога ќе го погледнеме Марс, кој е многу сува планета во споредба со Земјата, гледаме докази за минати езера и потоци. Можеби имал и плиток северен океан. Меѓутоа, тие се разминале и денеска имаме две многу различни планети“, кажа научникот.

Геолошката активност стивнала

Видеото на NASA покажува како би можела да изгледа водата на Марс и ги споредува проекциите со Марс како што го знаеме денес, сува планета. Сличностите меѓу двете планети се од особено значење за научниците да им помогнат да бараат знаци на живот на Марс, пишува The Sun.

„Како што Земјата напредувала со тектониката на плочите и со развој на животот, геолошката активност на Марс опаднала, ја загубил таа вода и станал многу посува планета“, продолжува McCauley Rench.

„Затоа е толку фасцинантно да се проучува Марс и ни помага да разбереме повеќе за минатото и иднината на Марс, како и да ја разбереме еволуцијата на Земјата и планетите, како во нашиот сончев систем, така и пошироко“, рече таа.

Затоа NASA заклучува дека Марс, веројатно пред милијарди години, личел на Земјата. Сѐ уште има малку вода на површината на Марс, но во форма на мраз, научниците продолжуваат да истражуваат дали има повеќе вода под површината.