Сопствениците на домашни миленичиња треба да бидат свесни дека лижењето на нивните мачки може да има сериозни последици, а тоа ѝ се случило на оваа жена.
Таа драматична ноќ се разбудила, откако плунката на нејзината мачка ѝ навлегла во окото, а потоа сфатила дека таа го изгубила видот. Еден месец Џенис Толедо посетувала лекари, кои не можеле да разберат која е причина за ненадејното слепило во левото око.
Дури откако им кажала на лекарите дека една ноќ нејзината мачка ѝ го лижела лицето, лекарите можеле да ја решат загатката. Слепилото е предизвикано од бактериски инфекции. Болеста се пренесува преку плунката на мачка, каснувања, гребнатинки или крзно и генерално, на неа се подложни децата. Тоа може да доведе до слепило и други тешки услови.
Се разбира, тоа не значи дека секоја мачка е болна и опасна. Своите миленици водете ги на ветеринар за редовни прегледи и вакцинации, за да се избегнат можни проблеми. Мачките обично се многу чисти животни, но претпазливост никогаш не е премногу.
Лекарите советуваат да се мијат рацете по играње со домашни миленици, пишува Foxnews.com.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.