Мала лекција на Паоло Коелјо против стресот | Еве како да ја преземете контролата врз својот живот

890

Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла и да отфрлиме друга.

„Вие сте единствената среќна личност што ја познавам“, му рекол еден човек на Вилијам Џејмс, американски филозоф и психолог. „Секогаш имате насмевка на лицето, дури и кога се соочувате со најголемите тешкотии“.

„Не се смеам затоа што сум среќен“, одговори Џејмс. Среќен сум затоа што секогаш се смеам“.

Кратката приказна која Паоло Коелјо ја објавил на својот блог на 26 декември 2014. година, нѝ ја претставува, накратко, филозофијата на славниот американски „филозоф на среќата“, кој верувал дека среќата не мотивира, па дури може да биде и клучот за човечката еволуција.

Цитатите од Вилијам Џејмс (1842-1910) се силни мотиватори за преземање контрола врз сопствениот живот, а ние ги избравме овие „најсензационални“.

  • Песимизмот води кон слабости, оптимизмот нѝ дава моќ.
  • Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, и со неа да отфрлиме друга.
  • Однесувајте се како вашето однесување да може да смени сѐ. Затоа што може.
  • Здравиот разум и смислата за хумор се исти работи, само што се движат со различна брзина. Смислата за хумор е, всушност, здрав разум, само танцува.
  • Најголемото откритие на мојата генерација е дека човечкото суштество може да го промени својот живот со промена на своето однесување.
  • Бидете спремни да прифаќате. Прифаќањето на она што се случило е првиот чекор за надминување на последиците од секоја несреќа.
  • Правете по една работа секој ден онаа која повеќе би сакале да ја избегнете. Благодарение на тоа, ќе бидете подготвени да го издржите притисокот кога ќе се појави неопходната потреба да направите нешто слично.
  • Токму нашиот однос на самиот почеток на тешка задача одредува, повеќе од било што друго, успешен исход.
  • Уметноста на мудроста се сведува на вешт избор на она што треба да се заобиколи.