Потребно
- 250 гр шеќер
- 18 лажици вода
- 210 гр маргарин
- 150 гр мелен лешник
- 100 гр парчиња лешник
- 250 гр мелени бисквити
- 100 гр чоколадо
Подготовка
Шеќерот и водата ставете ги да провријат. Тргнете ги од ринглата и додајте го маргаринот убаво да се истопи. Ставете ги мелените ореви, потоа бисквитите и на крајот исечканите ореви и стпеното чоколадо. Сè добро помешајте да се соедини во компактна маса.
Ставете во калап и оставете во фрижидер да се стврдне.