“Blue Eye” – Syri i Kaltër е чуден споменик на природата кој се состои од 18 извори на вода од варовита почва, создавајќи уникатна убава глетка.
“Blue Eye” – Syri i Kaltër се наоѓа 25 километри од Саранда, на патот кон Tepelene, во близина на Musinе импресивно традиционално село од камени куќи, меѓу борова шума, меѓу елки, лешници, ореви и овоштарник од цреши, кои како и другите плодови на територијата на Албанија и тука спеваат.
Овој геолошки феномен е од тектонско потекло и создава извори за кои тие веруваат дека настануваат со меандрирање на долината на реката Дрим.
Се одликува со сина боја и единстевна проѕирност на водата.
Овална по форма, водата е темно сина во средината, а посветла по рабовите така што изгледа како човечко око.
Длабочина е непозната, а протокот на вода е толку голема што ако се фрли камен во изворот по извесно време се враќа на површината. До сега е заронето до 50 метри.
Денеска е излетничко место. За време на комунизмот била забранета територија за обичните луѓе, само за партијска елита.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување