Стотици мистериозни златни топки под храмот на Quetzalcoatl | Видео

263

Сензационалното откритие на роботот Tlaloc II-ТК во тунелите под храмот Quetzalcoatl во Теотихуакан.

Фантастично откритие под храмот на пердувестата змија, Quetzalcoatl во античкиот Теотихуакан ги изненади научниците кои не можат да обезбеди значаен одговор на едноставното прашање – за што се наменети стотиците златни топки, кои се наоѓаат во три соби под храмот.

Tlaloc II-Т е робот кој ги открил коморите со топки, подолго време го истражува просторот под  големата пирамида во главниот град на Ацтеките, Teotiahuacan, монументална населба која во времето на Христовото раѓање имала преку стотици илјадници луѓе.

Топките се со дијаметар од 10 до 30 центиметри, јадрото е направено од глина и органски материјали, а се обложени со пирит кој по пат на оксидација добил златна боја.

Ова само ја продлабочува енигмата на Теотихуакан, за кој се претпоставува дека во полн сјај е изграден околу 200 години п.н.е., а врвот на својата моќ ја добива во петтиот век, кога владеел речиси со целата Централна Америка, во која живееле над 200 илјади луѓе.

Пропаднал еден век и половина подоцна, по што го преземале Ацтеките и продолжиле со своите ритуали, иако не знаеле кој го изградил. Интересно е дека Теотихуакан е прва населба со постојани живеалишта за граѓаните, без ниту еден одбрамбен воен објект …

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk