Mузиката во детството има повеќе позитивни ефекти врз децата

1443

Веќе одамна е познато дека учењето музика во детството има повеќе позитивни ефекти врз децата, но новото истражување покажало дека може да има и придобивки подоцна во животот

Канадските научници од Истражувачкиот Институт Ротман (RRI) откриле дека постарите луѓе кои во младоста учеле пеење или свирење инструменти многу побавно ја губат способноста да разберат друг што зборува.

Во мерењата на препознавање говор се покажале дури 20% побрзи од своите врсници кои немале музичко образование.

– Музичките активности се еден вид на когнитивниот тренинг за мозокот, и дури сега гледаме силни докази за позитивните влијанија на музичкото образование не само за младите умови, туку, исто така и за постарите лица, изјави Гевин Биделман, автор на студијата.

Познато е дека постарите луѓе побавно и потешко го разбираат говорот, а дека тоа забавено влошување е поврзано со промените во мозокот, бидејќи се појавува и кај пациентите кај кои нема губење на слухот.

– Во своето истражување користевме ЕЕГ за да видиме колку добро постарите луѓе го препознаваат и го разбираат говорот. Видовме реакции кои биле два до три пати подобри кај старите музичари отколку нивните врсници кои не се занимавале со музика. Со други зборови, мозокот на старите музичари има подетална, почиста и попрецизна интерпретација на говорните сигнали, и затоа се веројатно многу подобри во разбирањето на говорот, рече Биделман.

Во истражувањето биле вклучени 20 здрави постари лица (55-75 години) – 10 музичари и 10 лица кои не се занимавале со музика. Секој од нив имал слушалки на ушите кои пуштале случајни говорни звуци – некои биле едноставни самогласки, како “oooo ‘или’ AAAA”, а другите биле комбинација на звуци, повеќе или помалку одредени. Идентификувањето на индивидуалните гласови се мерело на ЕЕГ уредот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.