Ова се шесте вида романтична љубов

1354

Ако се повикаме на некој романтичар за различните видови љубов, тој најверојатно би одговорил дека има само една љубов – вистинската.

Мислењето на психолозите сепак е друго. Тие гледаат малку прагматично на трепетот на срцето и тврдат дека се разликуваат 6 вида љубов.

Всушност идејата доаѓа уште од античките Грци, што ги објаснува и грчките називи на видовите љубов. Покрај тоа, не е задолжително да бидеме “заклучени” само во една категорија.

Ерос (Eros)

Тоа е онаа форма на љубовта, која нè тера да се чувствуваме како во бајките и повеќето од нас ја доживуваат во адолесценцијата. Главниот двигател на оваа љубов е физичкото привлекување. За жал, таа не е особено силна, бидејќи воодушевените од неа имаат тенденција често да ги менуваат партнерите, за да се задржи чувството на еуфорија.

Сторџ (Storge)

Кога пеперутките во стомакот ќе заминат, среќниците може да се радуваат на овој вид на љубов. Таа е стабилна и ги цени повеќе блискоста и довербата, за сметка на физичкото привлекување.

Лудус (Ludus)

Овие љубовници се со тркачки карактер и кај нив има ниски нивоа на поврзаност и високи на неверство. Тие уживаат во возбудата на извршување, што ги прави не особено сигурни за долгорочни односи.

Прагма (Pragma)

Овие љубовници се исклучително прагматични и се позаинтересирани во многу поголема мерка од вештините и средствата на потенцијалниот љубовник, отколку од било кој друг аспект.

Манија (Mania)

Како што сугерира и самото име, оваа љубов е манијакална. Овие луѓе често се опседнати од објектот на своите желби и обично се зависни од него, а љубомората е типичен проблем во врската.

Агапе (Agape)

Овој вид љубов е грижлива, безусловна и исклучително мила. Вљубените се многу приврзани и во склад со потребите на партнерот. Кај нив задоволството од врската е многу високо.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.