Мистерија за којa со години се шпекулира | Скелет со вонземско потекло | Видео

2967

Научниците конечно ја откриле вистината

Тестирањата над 15 сантиметри долги мумифицирани остатоци пронајдени во напуштениот рударски град La Noria во пустината Атакама во Чиле, потврдиле дека станува збор за девојче со неколку мутации на гените, а не за вонземјанин како со години се шпекулирало.

И покрај тоа што било со големина на фетус, првичните тестови сугерирале дека коските се на дете на возраст меѓу шест и осум години, пренесува BBC.

Но, сега, 15 години по откривањето, научниците издвоиле ДНК од коските за да ја дознаат вистината за мумијата наречена Ата, а тестовите индицираат дека проценетата возраст на коските и другите аномалии се само резултат на генетска мутација.

Нејзината големина, но и формата на главата, како и недостатокот на ребра, со години предизвикувале сомневања за потеклото. Дури снимен е и документарен филм Сириус, кој укажува на тоа дека нејзините остатоци би можеле да бидат доказ дека Земјата ја посетиле вонземјани.

Но, тие шпекулации сега се целосно демантирани. Имено, веќе претходно било откриено дека пронајдените остатоци кои биле завиткани во бело платно и врзани со пурпурна лента – се човечки. Сепак, последните тестирања покажале дека Ата било очигледно мртвородено девојче или починала веднаш по раѓањето, со катастрофални мутации кои го обликувале нејзиното необично тело.

По пронајдокот, нејзиниот скелет бил продаден на приватен колекционер во Шпанија.

Продолжува на страна 2