Кои сѐ витамини се застапени во намирниците

2171

Пролетниот замор е познат факт, а против него можеме да се бориме и со исхрана богата со витамини – видете кој витамини ги има во која намирница.

Она што го јадеме е многу важно за здравјето, а пролетта е време кога здравата храна ја има во изобилство. Токму таа нѝ е потребна полесно да се бориме со пролетниот замор.

Некои видови на храна ја поттикнуваат природната  способност на телото да се бори против болеста, а некои ја обезбедуваат  потребната енергија и рамнотежа на дигестивниот систем. Еве кои витамини ги има најмногу во намирниците.

А витамин

Овој витамин се раствора во мастите и помага во одржувањето на здрави заби, коски, меки ткива и кожата. Исто така, клучен е за борба против бактериски и вирусни инфекции, спречување на ноќно слепило,  здрави нокти и коса.

Најмногу го има во слатки компири, моркови, спанаќ, кељ и друг лиснат зеленчук, дињи, кајсии и тиква.

Некои зачини се исто така богати со витамин А, а меѓу нив, особено оние кои се направени од сушени пиперки.

Витамин Б

Витамините Б6, Б12 и фолна киселина (Б9) помагаат на нервниот систем, синтезата на ДНК и формирањето на црвените крвни клетки. Исто така, ја одржуваат функцијата на мозокот,  спречуваат анемија, и важни се за метаболизам.

Храна богата со витамини Б6 и Б12 се: црвено месо, живина, риба, морски плодови, јајца, млеко,

Храна богата со фолна киселина: зелен лиснат зеленчук, месо, живина, агруми – главно портокали и grapefruits.

Продолжува на страна 2