Кои сѐ витамини се застапени во намирниците

2184

Витамин Ц

Исто така познат како аскорбинска киселина, витамин Ц е моќен антиоксидант, кој ги штити здравите клетки и ја подобрува апсорпцијата на железо.

Важен е во одржувањето на здрави заби, непца, заздравувањето на раните и му помага на телото да се бори против инфекции.

Храна богата со витамин Ц: папаја, агруми, јагоди, пиперки, брокула, праз, зелен лиснат зеленчук.

Витамин Д

Ова е единствен витамин кое телото може само да го создаде, ако го изложуваме на зраците сонцето. Од суштинско е значење за здравјето на коските, имунолошкиот  систем и апсорпција на калциум.

Според  американскиот Национален институт за проучување на рак, овој витамин го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Сепак, сѐ уште не е докажано дека го намалува ризикот од другите видови на рак.

Храна богата со витамин Д: некои видови на риба како лососот, харингата, сомот, млекото, јајцата, печурките shi-take.

Витамин Е

Како витаминот Ц и витаминот Е е моќен антиоксидант кој ги штити клетките од оштетување, му помага на телото да ги апсорбира витаминот К и ги обновува мускулните клетки. Истражувањата  кои го проучуваа витаминот Е и нејзиниот ефект врз ракот дале конфликтни резултати. Сепак, Американското друштво за борба против рак вели дека неодамнешните истражувања покажуваат дека витаминот Е од пченка и соја имаат антиканцерогени својства.

Храна богата со витамин Е: семки од сончоглед, бадеми, спанаќ и други зелен лиснат зеленчук, пиперки, аспарагус.

Витамин К

Витаминот К е од суштинско значење за згрутчување на крвта. Да го нема, од обична посекотина би можеле да искрвариме до смрт. Истражувањата велат дека овој витамин кој се раствора во масти помага да се задржат коските цврсти.

Храна богата со витамин К: кељ, спанаќ и друг зелен лиснат зеленчук, брокула, аспарагус, магдонос, брокула.

Дури и ако се обидувате да јадете здраво, тоа може да биде тешко, на дневна основа да ги внесете витамините кои му се потребни на организмот. Затоа, можете да бидете доведени во искушение да посегнете по додатоците во исхраната, но Американската асоцијација за здравјето на  срцето тврди дека тоа не е најдобра идеја.

Подобро е да се јаде колку што можете соодветен зеленчук и овошје, и Зo на долг рок ќе биде добро за вашето тело.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk