Лутите пиперки го подобруваат здравјето

121

Сите луѓе кои уживаат во добро зачинета, односно лута храна му прават огромна услуга на своето здравје, а не се свесни за тоа.

Научниците докажале дека капсицинот, хемиско соединение кое ја дава лутина на фефероните, чилито и другите лути пиперки го намалува нивото на холестерол во крвта, со што го намалува високиот крвен притисок.

Кинеската студија е спроведена така што лабораториските глувци се поделени во две групи, контролна и експериментална. Иако двете групи консумирале храна богата со холестерол, само експерименталната група глодачи добивала капсицин.

Резултатите покажуваат дека лутата супстанција го намалува нивото на ’лошиот’ холестерол, така што ја спречува неговата акумулација, го забрзува процесот на разградување и излачувања од организмот.

Капсицинот, исто така, го блокира генот кој ја предизвикува контракцијата на крвните садови и на тој начин таа станува проодна што автоматски резултира со подобра циркулација.